Македонија,Крими хроника

Во сообраќајка во Припор повредени 9 лица

Во сообраќајка во Припор повредени 9 лица

Девет лица од кои две деца се повредени во сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 10 минути ред полноќ во скопски Припор, дознава Курир.

Од полицијата за Курир ја потврдуваат несреќата посочувајќи дека истата се случила при судир на два автомобили „Голф“ во кој се наоѓале жители на селото Чифлик.

Според нашите информации сите лица се здобиле со телесни повреди, седум од повредените се пренесени во Ургентниот центар, а две лица во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Во едниот автомобил се наоѓале возачот Х.С. (33), две жени Х.С. (29) и Ѓ.С. (56) и двете деца, неколку месечно бебе и тригодишно детенце.

Четири члена на едно семејство биле во вториот автомобил: мажот кој го управувал автомобилот В.С. (33) и три жени А.С (42), С.С. (42) и Н.С. (40).

По несреќата полицијата извршила увид, а патот бил затворен за сообраќај.