Македонија,Крими хроника

Во сообраќајката кај Демир Хисар, повредени 21 лице

Во сообраќајката кај Демир Хисар, повредени 21 лице

Во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на патот Битола-Демир Хисар, кај месноста Бели Мост повредени се 21 лице.

По сударот еден од автобусите падна во реката Шемница, а другиот пак, излета во нива.

Повредените се пренесени во битолската болница, а засега само едно лице е на интензивна нега.

Според инфомрациите на телевизија Телма едниот од автобусите е сопственост на „Ѓоко Турс“ од Крушево кој сообраќал на релација Крушево-Битола, а вториот бил на „Тео Травел“ и се движел од Битола кон Крушево.