Во сообраќајката кај Удово повредени три Србинки

Во верижниот судир кој се случи утрово кај Удово се повредени три жени од Србија.

Жените биле сопатнички во трите автомобили со таблички од Србија, а повреден е и возачот на автомобилот од Струмица. Сите повредени се хоспитализирани во гевгелиската болница.