Македонија,Крими хроника

Во сообраќајна несреќа во Србија почина Македонец

Во сообраќајна несреќа во Србија почина Македонец

Во сообраќајна несреќа кај селото Самолјица, општина Бујановац, Србија животот го загуби 19-годишен Македонец, додека уште еден 21-годишен Македонец е повреден, јавува Танјуг.

До сообраќајката дошло вчера кога патничко возило Опел Астра со македонски регистарски таблички удрило во приколка на влечен воз за транспорт на машини којашто била паркирана на помошната лента.

Увид на местото на настанот извршил заменик обвинителот на Основното јавно обвинителство во Врање и припадници на МВР во Врање.