Во Сопиште и Припор ограбени три цркви зс шест дена

Од манастир во Љубанци украдени 50 денари

Три цркви се ограбени за шест дена, во периодот од 15-ти до 21-ви месецов во Сопиште и Припор.

Од црквата „Свети Спас“ во село Добри Дол, ограбена во периодот од 15 до 21 март крадецот насилно делувал на влезната врата од црквата, влегол во трпезаријата од каде одзел околу 5.200 денари во разни апоени.

Мета на крадци во периодот од петокот 20 часот до 17 часот во саботата била и црквата во Горно Соње, „Св. Никола“ од каде се украдени околу 10.000 денари.

Во истиот период на местото викано Теферич во Припор ограбена е и црквата „Св. Преображение“, а украдени се околу 500 денари.

Полицијата информира дека во сите случаи е извршен увид и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.