Во спална на тетовец пронајдена дрога

Полицијата вчера по судска наредба извршила претрес во домот и помошните простории на 39-годишниот тетовец А.Е.

При претресот, информираат од полицијата, во ќесе во спалната, пронајдени се пет пакувања со непозната кафена прашкаста материја, со вкупна тежина од околу 30 грама, дигитална вага, метално лажиче со остатоци од прашкаста материја на него и две парчиња од завиткани станиол фолии.

Пронајдените предмети се предадени на вештачење. А.Е. е приведен и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

droga1-500