понеделник, 19 декември 2016  |  Вести денес: 44

Во Шпанија разбиена нарко мрежа, дел од неа биле Балканци

Шпанската полиција на Канарските Острови уапси 11 лица осомничени за трговија со дрога низ цела Европа, меѓу кои и по еден државјанин на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, јавија шпанските медиуми. 

шпанија

Поврзани вести

Уапсените се осомничени дека од Јужна Америка пренесувале големи количества на дрога, претежно кокаин, наменет за европскиот пазар.

За време на апсењата се запленети 49 килограми кокаин, 20 килограми хашиш, пиштоли, муниција и околу 40 илјади евра.

Групата е уапсена во рамки на операцијата „Сципион“, која шпанската полиција ја спроведува од крајот на минатата година.

Најчитани вести