Во Сплит уапсено лице затоа што пишувал графит „Смрт за фашизмот, слобода за народот“

Во Сплит уапсено лице затоа што пишувал графит „Смрт за фашизмот, слобода за народот“
Во Сплит уапсено лице затоа што пишувал графит „Смрт за фашизмот, слобода за народот“
Хрватот Јован Гуркиниќ од Сплит утринава бил уапсен затоа што, заедно со уште неколку лица, го напишал графитот „Смрт на фашизмот, слобода на народот“ на местото на кое истата парола стоела и во 1943 година, кога Германците влегле во градот, пренесе Танјуг, пишува МИА.

Полициска патрола ги прекинала неколкуте активисти кои сакале со овој графит да го одбележат Денот на победата над фашизмот и да потсетат на славното антифашистичко минато на Сплит.

На излегување од полиција, каде престојувал неколку часа, Гуркиниќ на новинарите на регионалната телевизија „N1“ им изјави дека полицајците му оддржале вистинска лекција за минатото.

„Каков антифашизам, тоа е комунизам, тоа е минато, тоа веќе не постои, никој веќе не го празнува Денот на победата над фашизмот, имаш среќа што не поминаа ветерани“, биле дел од забелешките на полицајците.

Гуркиниќ изјави дека ќе се жали пред Дирекцијата на полицијата и пред министерот за внатрешни работи Влахо Орепиќ.

– Државните институции и црквата ја поддржуваат фашизацијата на Хрватска. Совесниот и лојален граѓанин не може тоа само да го набљудува, тоа е премногу, рече Гуркиниќ за „N1“.