Во Србија дневно инфаркт доживуваат 47 лица

Според статистички податоци, во Србија секој ден инфаркт доживуваат 47 луѓе, од кои 15 го губат животот. Тој факт ја става државата меѓу водечките во Европа по број на заболени и починати од кардиоваскуларни болести.

Од 5.335 луѓе кои минатата година ги загубиле животите од акутен инфаркт на миокардот, дури 30 отсто биле под 65-годишна возраст, е истакнато на трибина одржана во Белград за кардиоваскуларните болести.

Во светот секоја година од кардиоваскуларни болести умираат повеќе од 17 милиони луѓе, а проценките се дека од таа болест во светот до 2030 година животот ќе го загубат дури 20 милиони луѓе.

Целта на светското здравство е со превенции да се намали смртноста од кардиоваскуларни болести до 2015 година за 20 отсто.