Во Србија, два милиони туристи ноќевале лани

Во Србија лани ноќевале 1,3 отсто туристи повеќе од 2012 година, а најголем број на ноќевања се остварени во банските лекувалишта,скијачките центри, а на трето место е српската престолнина Белград.

За зголемување на бројот на туристите придoнeло одржувањето на меѓународни спортски натпревари како Светско првенство за ракометарки во декември, како и бројни музички и културни случувања.

Со речиси два милиони ноќевања на странски гости лани, уделот на странците во вкуниот број на реализирани ноќевања, изнесувал 30,3 отсто.

Најголемиот број на странски туристи во 2013 година биле од БиХ, Црна Гора, Словенија, Русија, Германија, Италија и Хрватска. Од сите други земји, бројот на гостите бил помал од 100 илјади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.