Во Србија има над 35.000 бегалци

Протокот на мигранти се намалува
Протокот на мигранти се намалува

Високиот комесаријат за бегалци на ОН соопшти по повод Светскиот ден на бегалците 20 јуни, дека моментално во Србија над 35.000 луѓе имаат статус на бегалци, а годинава околу 22.000 лица побарале азил во Србија. 

Според Високиот комесаријат за бегалци на ОН во Србија како транзитна држава од година во година се зголемува бројот на баратели на азил од земјите зафатени со воени конфликти во Азија и Африка. Тој нагласи дека од почетокот на годината во Србија азил побарале 22.182 лица, од кои сместување во Центри за бегалци побарале само 5.770 лица.

Република Србија интензивно работи на подобрување на системот на давање на азил и негово синхронизирање со стандардните и законодавството на ЕУ, се наведува во соопштението на Комесаријатот за бегалци