Во Србија има над 6.000 бегалци и имигранти

На територијата на Србија во моментов се наоѓаат повеќе од 6.000 нови беглаци и имигранти, но само 120 од нив побарале азил и сакаат да останат во оваа земја, изјави во вторникот комесарот за бегалци и миграции Владимир Цуцуќ.

„За оние кои не сакаат да останат, Србија претставува огромна чекалница во којашто речиси сите врати се отворени или се заканува да бидат целосно затворени“, изјави Цуциќ по повод Меѓународниот ден на бегалците.

Српскиот комесар за бегалци и миграции рече дека бегалскиот статус во Србија има 28.000 лица, но дека вистинската бројка е значително поголема, бидејќи десетици уште имаат нерешени проблеми, од пензии до сопственички и статусни права.

„Повеќе од 350.000 бегалци од поранешните југословенските републики се сега во Србија. Тие имаат многу нерешени прашања: пензии, девизно штедење, обнови на објектите, работен стаж… Покрај тоа, треба да се додадат 210.000 луѓе од Косово и Метохија, каде има помалку од 1,5 отсто одржливо враќање, што е неславен рекорд во светот“, изјави Цуциќ за регионалната телевизија N1.

Невладините здруженија во Србија по повод Меѓународниот ден на бегалците објавија соопштение во коешто истакнуваат дека „две и пол години од почетокот на масивниот прилив на мигранти и бегалци од Африка и од Блискиот исток, ситуацијата во Србија е прифатлива, но далеки од одржлива“.