Балкан

Во Србија лани биле основани трипати повеќе компании отколку што се згаснати

Во Србија минатата година се основани 8.735 нови компании, што е трипати повеќе отколку што се избришани од регистарот, соопшти денеска српскиот Централен регистер. Истовреме во 2013 година се регистрирани нови претприемачи, што е за околу 18 отсто помалку од бројката на избришаните од Регистарот.

Според овие податоци, во Србија во 2013 биле регистриранив купно 110.952 компании, а тоа е за 5,2 отсто  (5.847 комапнии) повеќе од претходната година. Регистарот истовреме регистрирал и 212.716 активни претприемачи што е за 2,5 отсто односно 5.411 помалку од 2012. Како што е наведено, минатата година бројот на новорегистрирани претпријатија бил за еден отсто повеќе отколку во 2012, додека бројот на новите регистрирани претприемачи е зголемен за 2,4 отсто.

Лани, во Србиј била згаснати 2557 компании што е трипати помалку од 2012 на што влијаеше и престанувањето на примената на автоматските стечаи над фирмите кои биле под блокада подолго од една година,што се применуваше до средината на 2012 година кога таа одредба од Законот за стечај беше прогласена за неуставна.