Во Србија откриени имигранти од Сирија во македонско возило

Српските медиуми пренесуваат дека на автопатот Белград-Ниш утрото во 2.40 часот полицијата пронашла 11 илегални имигранти од Сирија во автомобил со македонски регистерски таблички.

– Имигрантите се пронајдени во возило со македонски регистерски таблички. Полицијата трага по возачот кој ги превезувал и кој ги оставил во автомобилот, сооштија од Полициската управа во Јагодина.

Сите имигранти барале азил во Србија, додаваат од Полициската управа.

Азилантите биле пронајдени во автомобил „пасат“, кој бил паркиран пред Полициската управа во Јагодина.