Во Србија привршува истрагата за криминалите на Родиќ, белградскиот партнер на Заев

Министерството за внатрешни работи на Србија во соработка со надлежното обвинителство и даночната полиција ја заврши сеопфатната истрага против Александар Родиќ, „Адрија медиа груп“ на чие чело е тој и весникот Курир, пишува српскиот весник Политика, додавајќи дека тоа е причината зад последните потези на Родиќ, кој беше меѓу првите лица кои беа примени во премиерскиот кабинет на Зоран Заев.

Весникот во текстот под наслов „Курирови работи“ наведува дека се обезбедени конкретни докази за злоупотреби во финансиското работење, неплаќање на даночните обврски, фалсификување на документи, уцени, закани…

Како што оценува Политика, слично на претходните сценарија за одбрана Родиќ со отворени писма и пароли се обидел да ги оневозможи државните органи да си ја вршат својата работа.

„За да може претстојното постапување по кривичната пријава да го прогласи како политичка одмазда смислил ’скопски маневар’ и жалење во стилот на ’Јас сум борец за слобода на медиумите и бизнисмен кој го шири пазарот, жртва сум на прогон, бидејќи не прифаќам уцени’“, пишува Политика додавајќи дека Родиќ „потегнува и безсмислени тврдења како она дека БИА го следи, дека животот му е загрозен за јавноста да го гледа како жртва“.

Весникот оценува дека кога ќе се проучи документацијата станува јасно дека не е збор за уцени и процени, туку за „долгогодишен мрежен начин за криминално однесување“ на штета на државата, банките, поединци и претпријатија

Политика пишува дека фирмите кои го издавале весникот Курир повеќепати се згаснувани, заминувале во стечај, а се основале нови за да се изгуби трагата на финансиските малверзации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.