Во Србија се продаваат отровни лубеници и домати

Во текот на последните недели во Србија забележано е зголемување на лекарските интервензии поради бурни реакции на лубеница и  на домати, иако истите не спаѓаат во групата алергени. Поради тоа лекарите предупредуваат дека станува збор за реакција на пестициди со кои што овие растенија се прскани за колку е можно побрзо да созреат.

Лубениците и доматите што ова лето се продаваат на српските пазари се богати со пестициди и други отрови и предизвикуваат сериозни алергии, пишува Телеграф.рс.

– Ќерка ми јадеше лубеница тој ден и ништо не нагостевуваше дека работите ќе тргнат на лошо, меѓутоа некаде околу три часот по полноќ, слушнавме дека тешко дише и дека се задушува. Таа беше прекриена со силен осип по целото тело. Се исплашивме и веднаш ја однесовме во болница, појаснува еден родител за српски „Информер“ додавајќи дека лекарите му рекле дека станува збор за труење со пестициди и дека голем број родители се жалат дека нивното дете има проблеми.

Експертите предупредуваат дека овошјето и зеленчукот во последно време се прскаат со мошне јаски пестициди и дека тоа може да биде причина за алергијата.