Во Србија спалени сто тони лешеви на пцовисани животни од БиХ

Во печки во Србија се спалени околу 100 тони мрша на крупна стока од Босна и Херцеговина.

Стоката, која нема да биде пренесена во Србија, ќе биде спалена во длабоки јами.

– Спалувањето животни се применува кога нема други мерки. Постојат услови кои овозможуваат лешевите да се закопаат, но тоа мора да биде направено подалеку од населби и спалување во јами подлабоки од еден метар. Кога е во прашање пцовисаната стока, кај нас ситуацијата е загрижувачка, но имам впечаток дека во БиХ е многу посериозна, изјавил директорот на Управата за ветерина на Србија Дејан Бугариски.

Ветеринарни експерти во БиХ предупредија уште во четвртокот дека преостанало уште малку време за отстранување на лешевите на животните пцовисани во поплавите. Нагласија дека животинските трупови мора да се згрижат најдоцна 72 часа од пцивисувањето, во спротивно се заканува избивање зарази.