Македонија,Крими хроника

Во Србија уапсен јатак на терористичката група од Куманово

Во Србија уапсен јатак на терористичката група од Куманово

Јатак на терористичката група од Куманово е упасен на српската граница. Лицето Б.Б.од Куманово по кого беше распишана потерница на Интерпол е уапсен на административниот премин Брњак.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денес изјави дека лицето е осомничено за учество во терористичките напади во Македонија од јануари до мај.

Од македонското Министерство за внатрешни работи потврдуваат дека лице, осомничено дека било дел од групата јатаци на терористите од Куманово е уапсено денес, но повеќе детали ќе соопштат во текот на денот.