Во Србија уапсени тројца Албанци со 39 килограми хероин

хероин

Дрогата била откриена на граничниот премин Хоргос при обид Албанците да влезат во Унгарија.

Уапсените Албанци биле роднински поврзани, со исто презиме.

Дрогата била скриена во шасијата на автомобилот.

На уапсените им е одредена мерка притвор по што, како што наведува порталот Албеу, српските власти треба да одлучат дали ќе бидат екстрадирани во Албанија за да им се суди.

Пред три дена холандската полиција, во Ротердам, заплени 330 килограми кокаин, чија вредност се проценува на 10 милиони евра и уапси двајца Албанци.