Во Србија „заглавени“ околу илјада мигранти

Во Србија моментно се „заглавени“ околу илјада мигранти додека на српско-македонската граница за влез во државата чекаат уште толку, изјави денеска Владимир Ребиќ, в.д. директор на полицијата во МВР на Србија.

Ребиќ додаде дека околу седум илјади мигранти чекаат на грчко-македонската граница, додека многу повеќе се во Грција и кои ќе тргнат кон Западна Европа.

Тој нагласи дека Србија нема да подигнува никакви огради туку само ќе ја штити државната граница во согласност со важечките прописи.

Во Белград денеска се одржа состанок на директорите на полициите во Србија, Холандија, Унгарија, Австрија, Хрватска, Македонија и Словенија на кој се изврши анализа на примената на договорот потпишан на 18 февруари во Загреб за да се утврдат евентуални проблеми во неговата примена.