Во српско комбе најдени 29 мигранти

Во комбе со српски регистарски ознаки полициските службеници откриле 29 илегални мигранти.

Како што информира МВР, вчера околу 07,30 часот на стариот пат Удово-Демир Капија, во близина на раскрсница за с.Клисура, од страна на полициски службеници, било запрено комбе „Ивеко“ со српска национална ознака, управувано од Н.Т.(23) од Р.Србија, при што во возилото биле пронајдени 29 лица-мигранти, од кои четири лица од Пакистан и 25 лица од Авганистан.

Лицата се приведени во полициската станица во Неготино.

Против српскиот државјанин  е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено криивчно дело „криумчарење мигранти“, а од страна на судија за претходна постапка, му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.