Во стампедо во Саудиска Арабија загинаа најмалку 220 лица (ФОТО+ВИДЕО)

Во стампедо во Саудиска Арабија загинаа најмалку 220 лица
Во стампедо во Саудиска Арабија загинаа најмалку 220 лица

Најмалку 220 верници загинаа загинаа, а повеќе од 400 се повредени во стампедо за време на аџилакот во саудискиот град Мина, во близина на Мека, соопшти Директоратот за цивилна заштита на Саудиска Арабија

Телевизијата Ал Џезира јави дека инцидентот се случил на улица меѓу која се наоѓаат времените кампови во кои се сместени аџиите. Според телевизијата, можно бројот на жртвите да се зголеми.

На аџилакот оваа година има над два милиони луѓе, јавуваат локалните медиуми.

стампедо5

стампедо4

Аџилакот е еден од петте столбови на исламот и секој муслиман е должен барем еднаш во животот доколку е способен да замине на аџилак.

Најмалку сто лица загинаа и 230 беа повредени на 12 септември, откако се урна кран во најголемата џамија во светот, Ал Харам во Мека.