петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 0

Во стар бунар во дворот на Ахмети пронајдени човечки коски

Се претпоставува оти остатоците се од 1913 година, а дека телата првично биле запалени па потоа затрупани во стар напуштен бунар.

koski-640x294-1

Последни вести

Во стар неупотребуван бунар на длабочина од 6,9 метри пред два дена биле пронајдени и извадени човечки коски (делови од скелети, делови од черепи, коски и сл.). Бунарот е лоциран во дворното место сопственост на Али Ахмети во кичевско Зајас.

-Увидот бил извршен по пријава дека на 09.10.2016 година при изведување на градежни работи – ископ на земјиште од страна на градежни работници со градежна машина, во стар неупотребуван бунар, на длабочина од 6,9м, биле пронајдени и извадени човечки коски. Пронајдените предмети се подигнати и по наредба на Јавен обвинител истите се испратени на вештачење во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје, информираат денес од полицијата.

Кординаторот на тимот за ексхумација Мусли Муслиу вчера изјави дека се претпоставува оти остатоците се од 1913 година, а дека телата првично биле запалени па потоа затрупани во стар напуштен бунар. Тој исто така посочи оти луѓето кои се во масовната гробница претежно се жители од тој крај, и според првичните сознанија најверојатно станува збор за 10 до 60 луѓе.

 

Најчитани вести