Во Штип до 13 часот излезноста е 40,87 отсто

До 13 часот во Штип гласале 17.013 лица или 40,87 отсто од вкупно евидентираните.

Како што информира Општинската изборна комисија (ОИК), на 80-те избирачки места гласањето засега се одвива без никакви проблеми.

Според ОИК, најголема е излезноста во централното градско подрачје, а во руралните средини се очекува поголема излезност попладне.

Избирачките одбори досега немаат пријаено никаква неправилност во текот на гласањето.