петок, 28 април 2017  |  Вести денес: 42

Во Штип доделена хуманитарна помош на 50 ромски семејства

Педесет ромски семејства од социјално ранливите категории денеска добија хуманитарна помош во прехрамбени пакети од „Каритас-Македонија – Католичка црква Штип“ во соработка со Општина Штип.

stip-romi

Последни вести

Тони Ангеловски од „Каритас Македонија– Католичка црква Штип вели дека денешната донација е во пресрет на 8. април – Денот на Ромите.

Штипскиот градоначалник, Илчо Захариев се заблагодари на донацијата  наменета за  50 социјално раливите семејства од ромската заедница. Тој нагласи дека Општината има придонесено да се подобрат условите за живот во ромското маало во Штип. Со средства од буџетот, рече,  се изградени водоводи, канализации и патна инфраструктура.

– Ние веќе даваме финансиска поддршка за неколку десетина семејства кои останаа без покрив над главата, а подобрување на инфрастурктурните услови во делот каде живеат тие останува наша голема цел. Ние таму асфалтираме улици, правиме водовод и канализација а секако најголем проблем е сместувањето на оние семејства кои сега се кај роднини и пријатели откако останаа без дом, по поплавите а привремено беа сместени во старото нервно одделение кое беше опожарено. Ние сакаме да го решиме нивниот проблем и одиме во тој правец, имаме 30 куќи кои треба да дојдат одБосна и Херцеговина,  па ќе видиме како ќе се одвиваат работите, рече Захариев.

Најчитани вести