Во Штип ќе се постават 30 монтажни куќи за ромските семејства

Со ова, штипските локални власти го решаваат егзистенцијалното прашање на Ромите, привремено сместени во овие субстандардни услови, во објектите на некогашното Нервно одделение на градската периферија.

– Потребно е за почеток да изградиме комунална инфраструктура, а тоа е неопходната водоводна и канализациона мрежа на локацијата каде ќе бидат изградени идните домови на бездомните ромски семејства. Значи, планираме изградба на 30 куки, со очекувана меѓународна поддршка и финансиска помош. Секоја кука ќе биде со 65 метри квадранти корисен простор, изјави Илчо Захариев – градоначалник на Општина Штип.

На денешната средба со градоначалникот, а по повод денешниот светски ден на ромите, претставниците на оваа  заедница од Штип, не го криеше задоволството од веста дека горливото егзистенцијално прашање кон крајот на летото ќе го има толку очекуваното решение.

– Ова е повеќе од радосна и убава вест за нас. Тоа ќе значи решение и сместување и нивен дом за нашите сограѓани, каде тие ке знаат дека конечно ќе имаат свој сопствен дом, изјави членот на ромската заедница во Штип, Ерол Адемов.

Во Штип живеат 3000 роми. Засега само 15 отсто од нив се вработени. Заложбата на локалната самоуправа е овој процент да биде значително поголем со потенцијални нови илјада работни места во индустрискиот сектор, со најавата на отворање на нови производствени капацитети.

Со тоа, генерално ќе се измени востановеното клише за животот на оваа етничка заедница.