Во Струга 110 лица вработени преку „Македонија вработува“

Во Струга 110 лица вработени преку „Македонија вработува“
Во Струга 110 лица вработени преку „Македонија вработува“

110 лица се вработени, а за 20 се чека административно процесирање на барањата преку владиниот проект „Македонија вработува“.

Вработување по пет дена

Потребно е по доставувањето на барањата за вработување од фирмата да поминат законски пет дена за да се вработи лицето. Од фирмите бараме потврда за поминати плати и подмирени обврски во Управата за јавни приходи за што е потребно одредено време, појасни раководителот на Центарот за вработување Џевид Зиба.

Тој ги повика работодавачите да го посетат штандот на Агенцијата за вработување и да се информираат за содржината и понудата на проектот.

Караванот на „Македонија вработува“ на обиколка низ државата

Со цел граѓаните и компаниите одблизу да се запознаат со можностите кои ги нуди проектот „Македонија вработува“, тимови на Агенцијата за вработување е во обиколка низ градовите во земјава.

Караванот на „Македонија вработува“ досега ги посети градовите Крушево, Прилеп, Тетово, Куманово, Штип, Скопје, Велес, Дојран, Струга, а на ред е и Охрид.

Спасов: За неполни три месеци вработени 3.850 лица

За проектот „Македонија вработува“ во саботата говореше и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на новинарски прашања за време на отворањето на нова детска градинка во Облешево.

За неполни три месеци проектот „Македонија вработува“ ги дава очекуваните резултати, во овој период вработени се 3.850 лица во Македонија, а во општина Кочани бројот на вработените преку овој проект е 256 лица. Станува збор за нови вработувања, и тоа претежно во компаниите поголемите инвеститори „Антура“ и „Амфенол“, но и во неколку помали странски компании  во општината, рече Спасов.

Нов проект за зголемување на вештините и способностите на невработените лица

Покрај тоа што говореше за првичните резултати од проектот „Македонија вработува“, министерот Спасов се осврна и на новите проекти, кои што, како што рече имаат за цел да им помогнат на невработените лица да ги зголемат нивните способности и вештините кои ги поседуваат, а со тоа ќе се зголеми нивната вработливост и можноста побрзо да стигнат до работно место.

За новиот проект на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување за обука на побарувани занимања на пазарот на трудот, Спасов истакна дека ќе се обучат 220 невработени, на механизацијата и машините кои функционираат во приватните компании, кои се подготвени да вработат обучени кадри.

– Со ова ќе се зголемат нивните способности и вештините  кои ги поседуваат, а со тоа ќе се зголеми нивната  вработливост и можноста побрзо да стигнат до работно место. За реализација на оваа мерка обезбедивме вкупно 12.000.000 денари, појасни Спасов.

 

За овој мега-проект за вработување повеќе информации на следниот линк.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.