Во струга се разговара за заштита на албанскиот дел од Охридското езеро под УНЕСКО

 

Претставникот на Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција, Синиша Шешум смета дека проектот за заштита на албанскиот дел од Охридското Езеро како природно и културно наследство на УНЕСКО напредува добро и очекува во 2019 година целото езеро да биде заштитено.

– До септември идната година очекувам да се направи документ за запишување на овој дел од езерото во светско налседство заштитено од УНЕСКО, кој ќе влезе во процедура во 2018, а резултати може да очекуваме во 2019 година појасни Шешум, нагласувајќи дека Албанија е многу посветена за реализација на овој проект.

Меѓународната унија за чување културни споменици и подрачја (ИЦОМОС), според претставникот Крис Грац, имала исцрпна анализа и индентификувани биле сериозни закани за езерото, кои може да доведат до укинување на статусот на УНЕСКО.

– Идентификувавме сериозни закани, тука може да ги споменеме индустријализацијата, особено урбанизацијата во крајбрежниот дел, интензивното земјоделство и други активности кои би довеле до промена на карактерот на пределот со што ќе се изгуби потенцијалот на подрачјето за долгорочен одржлив развој и за статусот на УНЕСКО. Овој процес не е важен и вреден сам засебе, туку е одлична можност за двете страни одвоено да преземат активности за да го зачуваат ова наследство и сега е момент за тоа, ако се пропушти оваа можност тие вредности ќе се изгубат засекогаш, истакна Грац.

Реализацијата на проектот „Заштита на регионот на Охридското Езеро“ е показател дека албанската страна е заинтересирана и ја потврдува заложбата дека езерото може да се заштити единствено само ако е заштитено како целина, смета Зоран Павлов од Управа за заштита на културно наследство при Министертсвото за култура на Република Македонија.

– Овој проект дава добри сигнали дека во иднина ќе успееме езерото да го заштитиме и сочуваме за идните генерации. Од Македонска страна неможеме да се пофалиме дека ги почитуваме многу регулативите. Урбанизацијата и тенденцијата за економскиот развој го прават своето, но ние сме тука да се обидеме да направиме еден баланс, кој ќе успее да го сочува она највредното поради кое и Охридксиот регион е под заштита на УНЕСКО. Мораме да го сочуваме регионот за идните генерации и да го претстваиме во најдобро светло пред светската јавност, изјави Павлов.

Целта на проектот за заштита на регионот на Охридското Езето, според Оливер Аврамоски од регионалната канцеларија на ИУЦН (Меѓународна унија на зачувување на природата) е албанската Влада да подготви документ за номинација на тој дел од езерото како природно и културно наследство.

– Преку овој прект им помагаме на постоечките механизми како што е Комитетот за сливот на Охридско Езеро да се посвети на оние прашања кои се особено важни за светското културно и природно наследство, рече Аврамоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.