Македонија,Крими хроника

Во Струга уапсени дилери на хероин и марихуана

Во Струга уапсени дилери на хероин и марихуана
Кривична за дилер од Струмица

Кривична пријава  е поднесена против Б.И. (24) од струшкото село Велешта и Т.Б.(20) од Турција кој во моментов се наоѓа на студиски престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги и психотропни супстанци  и прекурсори“.

Како што соопшти МВР, во куќа на улицата „15 корпус“ во Струга, во средата двајцата пријавени биле затекнати при пакување опојна дрога хероин и марихуана наменета за натамошна продажба на наркозависници.

При претресот во една од собите, на маса каде биле пријавените, забележана е истурена прашкаста материја со кафеава боја што според нив, била набавена од лице од Велешта по цена од 6000 денари.

Исто така пронајдени се и неколку опаковки со хероин и марихуана и поголем број парчиња од најлонска и алуминиумска фолија за пакување на дрогата.

Дополнително, во левиот џеб од јакната на Б.И. пронајдена е марихуана во пакување од 28 грама што тој требало да ја однесе за продажба по претходен договор со наркозависник од Струга.