петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 48

Во Струмица ќе бидат изложени моштите на Свети Василиј

mosti-vasilij-1

Последни вести

Во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица вечер и утре ќе бидат изложени моштите на Свети Василиј. Веднаш по богослужбата, која почнува во 16 часот ќе бидат извадени моштите на светецот и ќе бидат оставени за поклонение на верниците, информираат црковните лица, пренесе МИА.

mosti-vasilij-2

 

Струмица е привилегирана што има дел од моштите на Свети Василиј, столбот на светото православие, рече отец Димитар Крцев од Струмичката православна епархија.

 

По повод христијанскиот празник посветен на Свети Василиј, богослужба ќе има и в четврток од седум часот, а еден час подоцна ќе започне Света Божествена Литургија.

mosti-vasilij-3

 

Служби во црквата ќе има и в петок на 15 јануари, денот посветен на Свети Серафим Саровски, ќе се изврши помазание со свето масло од моштите на светитолот од неговиот манастир во Русија.

Најчитани вести