Во судар на воз и џип во Индија, 13 мртви

Тринаесет лица, сватови кои се враќале од свадба загинале, а тројца се повредени кога воз удри во џип на железничко-патничка крстосница во северната индиска држва Утар Прадеш, јавуваат денеска индијските официјални лица.

Несреќата се случила рано утринава кога луѓето се враќале од свадба близу Горкапура, градот кој се наоѓа 740 километри источно од Њу Делхи.

Тројца повредени се во болница, а еден е во тешка состојба.

Железничките несреќни се чести во Индија, кој ја имаат една од најголемите железнички мрежи на светот, која опслужува 20 милиони патници дневно.