Во судир на три автобус 23 повредени

Во верижен судир на три автобуси на Савската улица во Белград лесно се повредени 23 лица, јавува српската новинска агенција Бета.

Сообраќајното претпријатие „Ласта“ соопштило дека несреќата се случила околу 15,45 часот на автобуската постојка кај Палатата на правдата во Белград кога дошло до судир на три автобуси од кои два на „Ласта“.

Еден автобус сообраќал на линија Белград – Лазаревац, додека другиот на релација Белград – Бањани. Третиот автобус бил на приватен превозник што сообраќал на градската експересна линија.

За сега не се познати причините за несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.