Во судир на возови во Германија, повредени 35 лица

Во судир на патнички и товарен воз во близина на Манхајм, на југот на Германија, повредени се 35 лица, од кои четири се здобиле со потешки повреди, соопшти денеска германскиот железнички оператор Дојче бан.

Несреќата се случила околу 21 часот по локално време откако излетале пет вагони на патнички воз кој превезувал околу 250 патници од Грац, Австрија, во германскиот град Сарбикен, во близина на границата со Франција, пренесува, АФП.

Дојче бан соопшти дека 14 од 35 повредени лица се хоспитализирани и дека четири од нив се потешко повредени.

По несреќата, извршена е евакуација на станицата во Манхајм и потоа истата е затворена.

Товарниот воз кој се судри со патничкиот е на железничката групација ЕРС и патувал за Унгарија.