петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 45

Во Сува река се удавија тројца бегалци

timthumb.php

Последни вести

Во Сува река утрово околу 6.45 часот, се удавени тројца мигранти, двајца мажи и една жена.

Од невладините организации кои се присутни во Гевгелија на терен, велат дека можеби е удавено и четврто лице, а 23 бегалци се спасени.

Екипите на МВР вршат увид, а идентитетот на удавените бегалци засега не е утврден.

Се претпоставува дека мигрантите се обиделе илегално да влезат во земјава, преку Сува река.

Бегалците коишто се спасени  од водата, се однесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг’, каде им се укажува лекарска помош.

Најчитани вести