Свет

Во светот има13.703 лица заразени со ебола

Во светот има13.703 лица заразени со ебола

Бројот на заразени луѓе со ебола во светот достигна 13.703, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

– Повеќето од случаите се во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Бројот на починатите од смртоносниот вирус веќе е над 5.000 лица, а во Либерија е регистрирано намалување на заразени случаи, истакна заменик генералниот директор на СЗО, Брус Ајлворд.

Истовремено, поранешните генерални секретари на НАТО, Јап де Хоп Шефер и лордот Џорџ Робертсон ја повикаа Алијансата да се приклучи кон напорите за борба против епидемијата, наведувајќи ги оригиналните можности и средства до кои таа има пристап, но и логистичката поддршка од море и воздух, искуството во областа на заштитата од билошки закани и при координирање на меѓународни операции.

Според СЗО, првиот случај на ебола бил во гвинејското село Мелианду, а првата жртва од оваа болест е двегодишниот Емил Вамундо.