Во светот расте бројот на смртни казни

Минатата година во светот беа извршени 778 смртни казни, не вклучувајќи ги илјадниците погубени во Кина. Америка е во првите пет по бројот на извршени смртни казни.

Бројот на извршени смртни казни во светот е зголемен за 15 отсто во 2013 година, а САД е меѓу првите пет држави по бројот на погубувања, се наведува во соопштението од Аменсти Интеренешнл.

Во најновите извештаин на АИ се наведува дека минатата година се извршени 778 казни. Во Кина има најголем број на смртни казни, но точната бројка е државна тајна.

Според АИ една од десет држави во светот практикува смртни казни, а во Северна Кореја и Сомалија се извршуваат јавно.

Во Сирија и Египет, поради судирите и немирите, не може да се утврди точниот број на смртни казни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.