Во таборот на Арсенал незадоволни од односот на Германската фудбалска федерација

На официјалната твитер страна на Германската фудбалска федерација вчера осамна информација во која се наведува дека Озил поради повреда на лигаментите во левото колено ќе отсустува од 10 до 12 недели. Главниот доктор на германската репрезентација, Ханс-Вилхелм Милер Волфарт му ја дијагностицирaл повредата на играчот од средниот ред, откако тој повреден одговорил на повикот.

Меѓутоа оваа информација наиде на негодување кај раководството на Арсенал, кој ја обвини Германската фудбалска федерација на Германија дека предвреме ја известила јавноста за повреда на Месут Озил.

Лондонскиот тим преку својот официјален сајт индиректно информираше дека од таборот на Германија избрзале со претпоставака за тоа колку време ќе паузира Озил.

– Клубот ќе изврши дополнителни прегледи и рано е да се прогнозира колку време ќе паузира Озил.

Capture