Во тек е акција за апсење на џихадисти во Париз

Француската сообраќајна полиција го блокираше влезот на францускиот град Ремс, во кој спецјалците се подготвуваат за апсење на моментално најбараните луѓе во земјата.

Моментално во градот се одвива акција за апсење на тројцата напаѓачи кои што вчера го извршија масакрот во Париз. Француските медиуми пренесуваат дека Ремс е под целосна полициска опсада, како и дека на некои места се распоредени и снајперисти.

Инаку, како што тврдат од полицијата, напаѓачите биле поврзани со терористичка мрежа од Јемен.