Во тек е голема акција во БиХ за разбивање организирана криминална група

Во повеќе градови во БиХ во тек се претреси во полициска акција за разбивање организирана криминална група што се занимавала со шверц на луѓе, неовластено користење лични подаотци, кражба на возила, фалсификување документи и други кривични дела.

Претреси се вршат на 13 локации во Бањалука, Бијелина, Дервента, во Тузланскиот и Зеничко-добојскиот кантон.

Акцијата според полициски извори на кои се повикуваат босански медиуми, се врши во соработка со припадници на полицијата во Србија, Словенија и Германија.