Во тек е голема акција за апсење улични нарко дилери

Министерството за внатрешни работи на Србија рано изутринава почна голема акција за апсење на улични нарко дилери во Лазаревац.

Како што пишува српски Курир, повикувајќи се на сопствени извори, засега се уапсени 9 лица, меѓу кои е и еден полицаец.

Во Лазаревац моментално се присутни голем број припадници на полицијата, а акцијата продолжува и понатаму.

Инаку, здружението на граѓани Свети Сава од Лазаревац досега во неколку наврати на Фејсбук профилот објавуваше имиња и фотографии на лица за кои тврдат дека се вмешани во дилање наркотици на територијата на тој град, повикувајќи ги родителите во тој град да бидат посебно внимателни.