Во тек е голема акција за разбивање на меѓународна криминална група

На повеќе локации на територијата на Република Македонија, меѓу кои е и Гостивар, во тек е голема заедничка акција на македонската и полицијата од друга држава, за разбивање меѓународна криминална група која шверцувала наркотични дроги.

Полицијата  врши претреси на повеќе локации, а  веќе се приведени неколку лица.

Според првичните информации се работи за разбивање на криминална група слична на „Франкфурт мафија“.

Од МВР ја потврдуваат акцијата и најавуваат повеќе информации откако ќе заврши, најверојатно во текот на денов.