Во тек е конкурс за доделување 300 научни субвенции

Министерството за образование и наука продолжува со имплементирање на стимулативната мерка со која се обезбедува поддршка и поттик за објавување на научно-истражувачки трудови на домашни автори во меѓународни научни списанија со фактор на влијаниe.

Имено, со конкурсот објавен на интернет страницата на МОН се предвидува доделување на 300 научни субвенции во висина од 30.000 денари и на истиот најдоцна до 24 декември 2017 година, може да аплицираат лицата кои објавиле научен труд во 2016 година, од областа на медицината, природно – математичката област, техничко – технолошката, биотехничката, хуманистичката и општествената област, истакна на неодамнешната прес конференција, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

-Тоа е еден вид награда за вложениот труд и стимулација за континуитет во заложбите, но и мотивација за сите останати научни работници коишто од било какви причини во минатото не изработиле или немале можност да објават личен труд во списание со фактор на влијание, изјави Ристовски.

Имплементацијата на оваа стимулативна мерка започна во 2012 година и досега се доделени над 1.000 научни субвенции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.