Во тек е конкурсот на МОН за субвенционирање на научни трудови

Во тек е конкурсот на МОН за субвенционирање на научни трудови
Во тек е конкурсот на МОН за субвенционирање на научни трудови
Во тек е конкурсот на Министерството за образование и наука за доделување на научни субвенции. Сите научни работници и установи кои ги исполнуваат условите ќе можат да аплицираат до 31 август годинава. Предвидено е да се субвенционираат 300  научни трудови објавени во 2015 година за што ќе бидат доделени еднократни парични износи од по 30.000 денари.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска упати апел до сите лица што се бават со научно истражувачка дејност кои што имаат трудови со кои аплицирале во меѓународни научни списанија со фактор на влијание да аплицираат до МОН. Тој посочи дека досега имаат околу 200 апликации.

-Доделивме повеќе од 800 вакви субвенции, односно еднократни парични износи во висина од 30.000 денари за објавени научно-истражувачки трудови на домашни автори  во меѓународни научни списанија со фактор на влијание, во различни области како природно-математичката, медицинската, хуманистичката, техничко-технолошката, биотехничката и општествената област, односно наука, истакна Ристовски.

Тој посочи дека државата ги доделува овие субвенции како еден вид на награда за вложениот труд и стимулација за континуитет во заложбите, но и мотивација за сите останати научни работници коишто од било какви причини во минатото не изработиле или немале можност да објават личен труд во списание со фактор на влијание.

Сите информации за условите и начинот на аплицирање за конкурсот за научни субвенции може да се најдат на интернет страницата на МОН.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.