Во тек е редовната есенска дератизација во општина Кисела Вода

Во тек е редовната есенска дератизација за уништување на штетните глодачи на територија на општина Кисела Вода.

Од општината информираат дека со дератизацијата ќе бидат опфатени околу 3200 шахти, од кои досега се завршени околу 1000 во урбаните заедници 11-ти Октомври бараки, 11-ти Октомври згради, во Црниче и во Пржино.

Активностите кои ги реализира Институтот за јавно здравство денес се одвиваат во Кисела Вода, а потоа ќе следува уништување на глодачите во Припор, Драчево и во Пинтија.

Според предвиденото, дератизацијата на ниво на општина Кисела Вода треба да биде завршена до крајот на месец ноември.