Во тек е средбата помеѓу Груевски, Заев и еврокомесарот Хан

Хан: Очекувам да се реши се' од договорот во Пржино
Хан: Очекувам да се реши се' од договорот во Пржино

Делегации од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ во резиденцијата на евроамбасадорот Аиво Орав во Скопје денеска имаат средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

Хан дојде во Македонија во обид да се изнајде излез од длабоката политичка криза, а како што претходно објави МИА, повикувајќи се на сопствени извори во Брисел Хан денеска носи предлог документ за разрешување на кризата.

Средбата во резиденцијата на евроамбасадорот Орав започна во 8.40 часот.

Делегацијата на СДСМ е предводена од лидерот Зоран Заев, а во неа се и Радмила Шекеринска и Петре Шилегов, а делегацијата на владејачката партија е составена од Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Никола Попоски и Никола Тодоров.

 

Предмалку во резиденцијата на евроамбасадорот пристигна и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, заедно со неговата придружба, Артан Груби. Се очекува на средбта да се приклучи и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Како што беше претходно најавено лидерската средба закажана за денеска ќе се одвива во резиденцијата на евроамбасадорот.

фото: Инфомакс

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.