Спорт

Во тек се полуфиналните мечеви во рамките на МТП Опен

Во тек се полуфиналните мечеви во рамките на МТП Опен

Тешка и изненадувачка борба се случува на терен, она што можевме да го очекуваме е дека ќе гледаме одличен тенис, но сето ова се претвори во страстна игра. Во полуфиналето кое е во тек, играат: Томи Јотовски и Бојан Јанкуловски кои претходно ги победија своите противници: (Томи Јотовски и Горазд Србљак резултат: 6-2; 6-1) и (Бојан Јанкуловски и Стефан Мицов резултат: 6-2; 7-5) во четврт финалето.

Се уште постои неизвесност и тензија помеѓу играчите и навивачката сила која ги бодри покрај терените. – изјави Круно Деспотовски Директор на турнирот МТП Опен 2014.

Што се однесува до натпреварите во двојки, вечерва во 19:00 часот отпочнува финалето во кои силите ќе ги рамнат: Деари/Јотовски и Мицов/Србљак.