Во тек се уписите за втор и трет циклус студии на Битолскиот Универзитет

Во тек е првиот уписен рок за втор циклус на студии магистерски и специјалистички и трет докторски студии. Идните магистранти имаат можност за избор во широката лепеза од 68 универзитетски студиски програми и 16 специјалистички, со вкупно 1525 места.

„ Првиот уписен рок веќе започна и ќе трае до 9 септември. Вкупно за втор циклус студии имаме 1525 места од кои што 1325 се за универзитетски студии а 200 за специјалистички и стручни студии. За трет циклус студии има 112 места. Конкурсот е објавен на web страната на Универзитетот. Ќе има уште два уписни рока едниот во октомври, а другиот во ноември“, изјави проф.д-р Сашо Атанасоски, проректор за настава на Универзитетот „Св.Климент Охридски-Битола“

Битолскиот Универзитет во новата академска 2014/2015 година, магистерски и докторски студии организира и на Техничкиот факултет и на ВМШ

„ Техничкиот факултет врши упис за магистри и доктори на повеќето студиски програми, а согласно проектот на Владата нуди студиски програми од стручни студии за упис на кандидати од категоријата 30/35, со партиципација од 200 евра“, изјави проф.д-р Стојанче Нусев, продекан на Технички факултет-Битола

„ На втор циклус оваа година за прв акредитиравме и запишавме за студиската програма радиолошки технолози 1 специјализација, тоа е магнетна резонанса и комјутеризирана томографија каде што бараме максимум 20 студенти, новост е и студиската програма за сестри каде пополнуваме со специјализација онкологија каде бараме 10 студенти“, изјави проф.д-р Стојна Ристевска, директор на Високата Медицинска Школа-Битола

Квалитетот на студиските програми се темели на традицијата на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и искуството на наставниот кадар изградени во изминатите 34 години вели проректорот Атанасоски и додава дека дополнителна мотивација е што на секоја студиска програма, 5 проценти од најдобро рангираните запишани студенти ќе бидат ослободени од плаќање на кофинансирањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.