Во тек тендерот за изградба на Клиничка болница во Штип

Тендерот за изградба на Клиничка болница во Штип е распишан и во тек, изјавви денеска министерот за здравство, Никола Тодоров кој денеска престојуваше во посета на штипската болница.

„Овој тендер го објавува Банката на Советот на Европа од каде што практично се обезбедени финасиите. Тие ги определуваат и роковите, согласно роковите кои се определени до 18 март, а тоа е првата фаза од тендерот, по што ќе почне фаза на еволуација“, рече Тодоров.

Тодоров вели дека откако ќе завршат сите рокови на Банката на Советот на Европа ќе почне и изградбата на новата болница.

„Тоа ќе биде болница некаде околу 30.000 метри квадратни, многу современа и наскоро ќе го презентираме комплетно целиот проект, и тоа не идејното, туку комплетното решение, кое во завршната фаза“, додаде Тодоров.