Во текот на годинава ќе се рестартираат рудниците Тајмиште и Стогово

109

Двете концесии за рудниците Тајмиште и Стогово се издадени минатата година. Во моментов активно се работи на подготовки и се очекува во текот на оваа година овие два рудници да го рестартираат производството. За ова денеска одговарајќи на пратенички прашања информираше заменик-министерот за економија Христијан Делев.

Тој посочи дека рудникот за Манган Стогово е издаден под концесија на компанијата Скопски легури, кои покрај тоа што планираат да го рестартираат производството на руда ќе ја рестартираат и топилницата, благодарение на што Македонија ќе има можност да извезува готов производ.

– Концесионерот работи на терен. Во моментов се гради заобиколен пат, за да се избегнат населените места. Компанијата на свој трошок гради заобиколен пат, штом се заврши во текот на пролетта ќе се рестартира производството, информираше Делев.

Што се однесува до рудникот Тајмиште, Делев посочи дека во моментов концесионерот работи на детална студија за рестартирање на овој рудник.

– Концесионерот во партнерство со странски инвестициски фондови работи на рестартирање на овој капацитет, информираше Делев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.