Во текот на изминатата ноќ фрлени 20 тони сол на улиците во Скопје

Во моментов сите булевари и магистрални улици кои се во надлежност на Градот Скопје се проодни, информираат од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека екипите на зимската служба на Град Скопје изминатава вечер и утринава, по почетокот на врнежите на снег, започнале со активностите за расчистување на снегот од градските булевари и улици, како и од тротоарите.

Изминатата вечер на булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје се фрлени 20 тони сол.

Екипите на зимската служба интервенираа на подвозниците и останатите критични точки, а на повисоките места во Скопје снегот се чистеше со механизација со плуг (плужење).

Зимската служба ги прати состојбите на терен и ќе интервенира согласно потребите.

Градот Скопје потсетува дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на приодите до нивните објекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.